Во Данска се пронајдени фосилизирани остатоци од времето на диносаурусите. Имено, ова откритие е дело на локалниот ловец на фосили Питер Беник, кој го пронашол фосилот на Стивенс Клинт, крајбрежна карпа на истокот на земјата, која е под заштита на УНЕСКО.
Овој самопрогласен трагач по фосили тврдел дека пронашол необични фрагменти во парче креда, за кои подоцна било утврдено дека се остатоци од морски крин, подводен вид поврзан со морски ѕвезди и морски ежови.
Беник ги однел фрагментите на испитување во музејот на Источен Зеланд, кој потврдил дека датираат од крајот на периодот на креда, т.е. од пред 66 милиони години, кога постоеле диносаурусите, вклучувајќи ги тираносаурусот и трицератопс.
Палеонтологот и куратор на споменатиот музеј, Јеспер Милан, изјави за ВВС дека ова е навистина необично откритие, бидејќи помага да се објаснат врските во праисторискиот синџир на исхрана.
„Тоа ни кажува нешто за тоа кој кого јадел пред 66 милиони години. Ова откритие е уникатен увид во секојдневната ситуација на морското дно во периодот на креда, морето во кое живееле диносаурусите“, нагласи Милан.
Рибите и ајкулите во тоа време јаделе морски лилјани, кои тешко се варат.
Ова откритие е исто така значајно за подобрување на разбирањето на минатите екосистеми. Милан истакна дека неговиот музеј само ги информирал локалните медиуми за откритието, но дека откритието предизвикало глобален интерес, пренесува ВВС.
(BBC)
(фото: Needpix)