Ново истражување: пиењето кафе наутро не ве прави попродуктивни, туку поуморни

- Advertisement -

Утринското кафе повеќе може да ве умори, отколку да ве разбуди. Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, со над 2 милијарди чаши кафе кои луѓето ги консумираат секој ден. Не е тајна дека околу кафето се врти целата австралиска култура, со тоа што просечниот Австралиец консумира над 2 кг или 300 чаши кафе годишно, а 75% од луѓето во светот уживаат во кафето секојдневно.

Ефектите на кафето врз продуктивноста се добро познати и документирани. Многумина го нарекуваат дрогата на капитализмот благодарение на тоа што ни помага да завршиме некои работи, а во 1950-тите години паузата за кафе била вклучена во американскиот закон поради способноста на кафето да промовира поголема ефикасност и да дава подобри резултати.

- Advertisement -

Тоа се случило откако било установено дека работнциите во фабрика за кравати вршат исто работа за 6 часа колку што вршеле претходно за 8 часа, пред да им бидат воведени 2 паузи за кафе дневно.

Меѓутоа, најновото истражување на Универзитетот Њукасл во Австралија сугерира дека идејата дека кафето ни дава енергија е лага. Всушност, кафето само ни ја краде енергијата подоцна во текот на денот и ни предизвикува долготраен замор. Како го знаеме тоа?: Се се сведува на соединението наречено аденозин.

- Advertisement -

Аденозинот помага во регулирањето на циклусот на спиење и будење. Како што поминува денот нивото на аденозин де зголемува затоа што тој е нуспроизвод на употребата на енеегија во клетките. Кога аденозинот ќе се врзе за рецепторите, тој на телото му кажува да намали со трошењето енергија, поради што се чувствуваме уморно. Одиме на спиење, потрошувачката на енергија опаѓа, нивото на аденозин се намалува и потоа се будиме освежени.

Овде доаѓа во игра кофеинот. Можеби и понатаму ќе се чувствувате поспано кога ќе се разбудите – недостигот на сон и општиот стрес се фактори тука – па пиете кафе. Кофеинот во кафето е сличен на соединението аденозин, така што се врзува за рецепторите и го блокира аденозинот, кој е одговорен за чувството на замор. Но, тука има еден проблем. Аденозинот кој кофеинот го блокира не исчезнува од телото. На крајот кофеинот се разградува и аденозинот се натрупува на рецепторите. Затоа кофеинот никогаш не дава дополнителна енергија, туку ви купува време пред да ве совлада заморот.

- Advertisement -

Затоа треба да играте тактички. Иако никогаш не можете да го победите падот кој го предизвикува аденозинот, можете да се обидете да го одредите времето на внес на кофеинот за да добиете најдобар ритам. Испијте го кафето подоцна во текот на денот затоа што кортизолот или хормонот на стресот, кој ве држи будни, природно го достигнува врвот кога ќе се разбудите. Затоа нема да ви треба кафе пред се друго. Освен тоа, колку помалку аденозин имате во организмот толку помалку ќе се чувствувате уморно и колку помалку кофеин консумирате толку помалку ќе го блокира аденозинот. Затоа има смисла да испиете кафе подоцна во текот на денот кога ќе се чувствувате поуморни.

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -