Samsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата

- Advertisement -

Со соработка помеѓу Samsung и Google, повеќе корисници наскоро ќе можат да го активираат Gemini на поприроден начин за посмарт мобилно искуство.

Скопје, 29 април 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека одредени уреди од серијата Galaxy A наскоро ќе ја поддржуваат активацијата на AI помошникот преку страничното копче, донесувајќи ја омилената карактеристика на обожавателите на Galaxy S серијата до повеќе корисници и дополнително зајакнувајќи ја визијата на Samsung за демократизација на најновите AI искуства. Со ова ажурирање¹, корисниците ќе можат да уживаат во попаметни AI искуства, вклучувајќи го лансирањето на Gemini² – AI помошникот на Google, со едноставно притискање и држење на страничното копче. Samsung ја претстави Феноменалната Интелигенција³ (Awesome Intelligence) на уредите од најновата Galaxy A серија – Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G – кои вклучуваат избрани AI функции од страна на фановите, кои го отвораат неверојатното Galaxy AI искуства кон многу повеќе корисници. Сега, претстоечкото ажурирање ќе олесни за уште повеќе корисници на серијата Galaxy A низ светот да да ги извршуваат секојдневните задачи поинтуитивно, со директен пристап до Gemini преку страничниот копче.

- Advertisement -

Позната по балансот помеѓу перформансите и вредноста, серијата Galaxy A сега нуди попаметно мобилно искуство благодарение на ова ажурирање. Со полесен пристап до Gemini, корисниците можат без напор да го проверуваат својот распоред, да најдат ресторани во близина или да добијат препораки за роденденски подароци користејќи гласовни команди. Можат исто така да извршуваат задачи низ апликациите⁴ со само една команда – како што е наоѓање на ресторан преку Google Maps и испраќање на адресата до пријател преку Пораки – што ги опфаќа Samsung, Google и одредени апликации од трети страни.

„Samsung и Google работат заедно за да достават беспрекорни, интуитивни и значајни AI искуства, правејќи ја најновата технологија подостапна за повеќе корисници,“ изјави Џеј Ким, извршен потпретседател и раководител на Канцеларијата за корисничко искуство во Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Ние сме возбудени што корисниците на серијата Galaxy A сега ќе можат побрзо и поприродно да го активираат Gemini преку едноставен гест кој носи интелигентна поддршка во текот на секојдневните задачи.“

- Advertisement -

Побрзиот пристап до Gemini значи дека помошта е достапна во секој момент – како на пример планирањето на вечера во последен момент. Со едноставна гласовна команда до Gemini, корисниците можат да кажат „Пронајди француски ресторан со тераса, кој дозволува домашни миленици во моја близина“ и да добијат предлози за неколку секунди, што го олеснува изборот на место и споделувањето со пријател, без да се напишат ниту збор.


Софтверското ажурирање ќе се распоредува глобално на избрани модели од серијата Galaxy A, започнувајќи од почетокот на мај.

- Advertisement -

За повеќе информации за серијата Galaxy A, посетете ги: Samsung.mk,  Samsung NewsroomSamsungmobilepress.com.

Сподели!
- Advertisement -