ВИДЕО: Ова е вистинска „перална“ за бањање постари луѓе

- Advertisement -

Многумина сигурно помислиле како ли би изгледало да поминат низ перална за автомобили самите тие, без автомобил. Веројатно ова е еден вид неостварен сон за еден иноватор решил да си го оствари тој сон.

Така настанал Human Wash, туш кој всушност е „перална“ за постари луѓе и за спортисти кои е наменета да им помага во бањаето. Исто како и автопералните, и овој туш има четки кои се вртат и го тријат телото. Можеби изгледа смешно и многу е скап, но тоа не значи дека нема да го посакате во своите бањи.

- Advertisement -

Автопералната за луѓе може да се постави во старечки домови, болници, базени, па и во приватни домови. Инсталацијата е многу едноставна затоа што едноставно се поставува на ѕидот до постојниот туш и се поврзува со главата на тушот.

За да се користи треба да се притисне некое од големите копчиња кои се на предниот дел од уредот. Има копче со кое се контролира движењето на четката горе, долу или се стопира. Може да се прилагодува и притисокот на водата и температурата со регуларниот туш.

- Advertisement -

Human car wash helps elderly people and athletes shower

This shower is basically a car wash for humans 🚿😂

Posted by In The Know Gadgets on Среда, 06 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -