Hyundai направи посебни воздушни перничиња за автомобили со подвижен покрив

- Advertisement -

Воздушните перничиња денес ги има во секој автомобил и се активираат при каков било судир. Но, има одредени ситуации кога воздушните перничиња не можат да ги заштитат патниците во автомобил. Тимот на Hyundai Mobis, гранка на Hyundai automobiles, направи решение за едно од тие сценарија и го разви првиот систем во светот дизајниран за намалување на повредите во автомобил со подвижен покрив, пишува New Atlas.

Воздушните перничиња се поставуваат на страните на подвижниот покрив и кога ќе се активираат се отвораат како душек. Во текот на тестовите со кукли Hyundai покажа дека можат да ги намалат сериозните повреди на главата. За да се осигураат дека перничињата ќе се активираат независно од тоа во која позиција е покривот новиот систем се поставува меѓу стаклото и металниот дел. Кога сензорите ќе детектираат судир, воздушните перничиња целосно го затвораат отворениот покрив за 0,08 секунди.

- Advertisement -

Се очекува системот да биде достапен на почетокот на 2019 година и најверојатно најпрвин ќе се најде во моделите како луксузниот Genesis и новиот модел Kona.

Сподели!
- Advertisement -