Најбогатите 50 британски семејства имаат повеќе имот од половина од Британците

- Advertisement -


Најбогатите 50 семејства во Велика Британија имаат повеќе богатство од најсиромашните 50% од населението во земјата, повеќе од заедничкиот имот на 34 милиони луѓе, според најновата анализа на Equality Trust. Бројот на британските милијардери е зголемен од 15 во 1990 година на 165 во 2024 година, што исто така укажува на значителна нерамнотежа во распределбата на богатството, пренесува Гардијан.

Анализата покажува дека просечното богатство на милијардерите се зголемило за повеќе од 1.000% во последните три децении, додека во исто време социјалните нееднаквости се влошиле. Equality Trust ова го нарекува „вампирска природа“ на екстремното богатство кое, според нив, „го поткопува здравјето и благосостојбата на нацијата“.

- Advertisement -

Голем дел од акумулираното богатство доаѓа од наследство, финансиски шпекулации и сопственост на недвижен имот, кои, според Equality Trust, се сектори кои придонесуваат за уништување на заедниците и деградација на животната средина, а со тоа не придонесуваат за цели како зелена транзиција, децентрализација на богатството или решавање на станбената криза.

„Екстремното богатство е егзистенцијално прашање. Ако сакаме да опстанеме како општество, треба фундаментално да ги промениме нашите економски структури и да ја препознаеме штетноста на самиот феномен на милијардери“, вели извршниот директор на Equality Trust, Прија Сани-Николас.

- Advertisement -

Сличен став има и Џулија Дејвис од организацијата Patriotic Millionaires UK, која е особено критична кон наративот дека милијардерите создаваат работни места.

„Во пракса, тие ги уништуваат работните места, бидејќи како што ја консолидираат моќта, малите и средните бизниси едноставно исчезнуваат“, предупредува Дејвис.

- Advertisement -

Бенџамин Типет, економист од Кралскиот колеџ во Лондон, пресметал дека данокот од 2% на богатството на најбогатите во изминатите 30 години би генерирал 155 милијарди фунти, што денес би вредело околу 325 милијарди фунти преку инвестиции, или повеќе од 11.000 фунти по домаќинство во Британија.

Фернанда Балата, политички економист во Фондацијата New Economics, го предлага концептот на „екстремна линија на богатство“, или точка во која концентрацијата на богатство почнува да предизвикува непотребна социјална штета. Оваа рамка, смета Балата, треба да биде основа за нова даночна и фискална политика во Британија.

(Bizlife)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -