Apple го откри датумот кога ќе го претстави новиот iPhone

- Advertisement -

После повеќе месеци нагаѓање, Apple официјално потврди дека нивниот годишен настан кога го претставуваат новиот iPhone и други иновации ќе се одржи на 12 септември 2023 година Тој ден ќе се одржи конференција за печат во нивното седиште во Купертино и иако не е точно речено дека ќе биде откриено семејството на iPhone 15, се очекува дека ќе се случи токму тоа. Исто така, веројатно ќе видиме и нови модели на Apple Watch – Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2.

Исто така, треба да ги видиме и јавните верзии на iOS 17, iPadOS 17 и WatchOS 10 или набрзо после настанот или во деновите непосредно потоа. Може да има и мала надградба на Apple AirPods Pro 2, со USB-C додаток на куќиштето за полнење.

- Advertisement -

Apple вообичаено ги отвора преднарачките за своите најавени уреди во петок после настанот во сптември, така што можете да очекувате дека уредите iPhone 15 ќе бидат достапни за нарачување од 15 септември. Потоа, ако се почитува досегапната традиција, ќе стигнат во продавниците една недела подоцна, односно од 23 септември натаму.

Што се однесува на новите карактеристики, стандардниот iPhone 15 и iPhone 15 Plus веројатно ќе доживеат најголеми генерациски промени. Беше речено дека ќе го има Dynamic Island, кој дебитираше на iPhone 14 Pro серијата минатата година. Освен тоа, ќе го има чипсетот Apple A16 Bionic, кој исто така се наоѓа и во сегашните Pro модели.

- Advertisement -

iPhone 15 Pro и Pro Max може да имаат и физички прекинувач за исклучување на звукот во корист на копче кое може да се додаде, додека рамките наводно се намалуваат за сопствениците да добијат малку повеќе простор на екранот. Исто така, сите нови iPhone нема да имаат Lightning и наместо тоа, ќе имаат USB-C приклучок за полнење.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -