Кина ја тестираше својата најмоќна ракета – ќе се користи за мисии на Месечината

- Advertisement -

Кина спроведе клучен тест на својата ракета Long March -10, која планира да ја користи за мисији на Месечината. Тестот е чекор поблиску до исполнување на нејзината амбиција да слета кинески астронаути на површината на Месечината до 2030 година.

Неодамнешниот тест вклучуваше активирање на првата фаза од ракетата на Земјата и беше спроведен во кинескиот космодром на островот Хаинан. Стадиумот е опремен со седум мотори YF-100K, кои работеа 30 секунди и генерираа околу 990 тони потисок. Поважно е што моторите работеа синхронизирано, што е клучно за стабилноста. Тестот, исто така, послужи за собирање голема количина податоци за да се докаже функционалноста на концептот и да се подобрат идните верзии на ракетата.

- Advertisement -

Кинеските власти велат дека тестот потврдил дека моторите можат да работат синхронизирано во нормални и услови на висока моќност.

Long March-10 е значително помоќнa од која било друга кинеска ракета, генерирајќи околу три пати поголем потисок од сегашниот Long March-5. Висока е 92 метри и кога целосно ќе се склопи, ќе има 21 мотор коишто работат истовремено, седум во јадрото и седум на секој бустер.

- Advertisement -

Развојот на ракетата започна во 2017 година и се темели на децении истражување и развој на мотори на течно гориво. Неодамнешниот тест следувше по минатогодишниот успех, кога три мотори од прва фаза YF-100K беа активирани во јуни 2024 година и работеа неколку минути.

Се вели дека ракетата е способна да носи 27 тони товар на Месечината и е клучна за планот на Кина да слета кинески астронаути на површината на Месечината до крајот на деценијата.

- Advertisement -

Мисијата ќе бара две одделни лансирања. Мисијата Mengzhou ќе вклучува екипаж, додека Lanyuea ќе носи лендер. Планирано е двете вселенски летала да се сретнат и да се закотват во лунарната орбита, дозволувајќи им на астронаутите да се префрлат на лендер и на крајот да слетаат на површината на Месечината.

Кинезите работат со партнери на проект за изградба на лунарна база на јужниот пол до 2035 година, наречен Меѓународна лунарна истражувачка станица (ILRS).

Ова беше првиот статички тест на моторот што работи на вистинска лансирна рампа, бидејќи конвенционалните тест места не можеа да го поднесат огромниот потисок. За време на тестот инженерите анализираа премази отпорни на топлина, системи за откривање на дефекти и сигурноста на системот со повеќе мотори, кои се клучни пред мисија со екипаж.

Кина работи на повеќекратна употреба на ракетата Long March-10A за мисии во орбитата на Земјата. Концептот е сличен на ракетата Falcon 9 на SpaceX и исто така нема да се користи за лунарна мисија, туку за патувања до вселенската станица.

(Klix.ba

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -