Јужна Кореја ќе ја лансира првата комерцијална 5G мрежа во светот

- Advertisement -

Јужна Кореја утре ќе ја лансира првата 5G мобилна мрежа во светот и најави дека ќе ја транформира глобалната технологија на глобален план. Најголемите телеком оператори во земјата ја стартуваа оваа супербрза комуникациска мрежа вчеравечер за мал број познати личности пред да ја стартуваат целосната мрежа за обичниот народ во петок.

Датумот на лансирање на новата услуга за ограниченот број корисници беше поместен за земјата да може да стане првата земја во светот која комерцијално ќе лансира 5G мрежа затоа што американскиот телекомуникациски гигант Verizon Communications вчера лансираше 5Gмрежа во два американски градови.

- Advertisement -

Не беше јасно која земја прва ја пуштила новата мрежа, а досега ниедна од мрежите нема обезбедено национална прикеност. Повеќе од 3 милиони Јужнокорејци до крајот на годината очекуваат да се приклучат на 5G, која ќе биде 100 пати побрза од постојните 4G мрежи.

Јужнокорејските телеком компании како KT, SK Telecom и LG Telecom потрошија најмалку 2,6 милијарди долари само годинава за овозможување на 5G технологијата. Сите владини напори ќе бидат фокусирани на новата услуга и новата технологија ќе овозможи нови ИТ услуги како што се беспилотните автомобили и виртуелната и засилената реалност.

- Advertisement -

Јужна Кореја, која има една од највисоките стапки на пенетрација на мобилните услуги, се трка со Кина, САДи Јапонија за овозможување на 5G услугите и се надева дека новата технологија ќе го поттикне растот на ИТ секторот.

„5G технологијата првично нема да има големи ефекти врз индустријата, но ќе се прошири во наредните три години и ќе донесе многу промени во забавната иднсутрија со повеќе виртуелна реалност и ќе помогне да се промовира вештачката интелигенција и автономните возила до 2025 година“ велат од Јужна Кореја.

- Advertisement -

Samsung беше првиот производител на смартфони кој претстави телефон кој поддржува 5G технологија уште во февруари годинава, кој ќе почне да се продава во Јужна Кореја овој петок. Неговиот ривал LG Electronics ќе го пртстави својот прв 5G смартфон подоцна во текот на април.

Сподели!
- Advertisement -