Amazon почна да тестира роботски такси на јавни патишта

- Advertisement -

Многу автомобилски и технолошки компании равиваат и тестираат автономна технологија и автомобили, но мал број од нив може да се пофалат дека нивните беспилотни автомобили учестуваат во јавниот сообраќај. Дозволи од регулаторите на американскиот пазар добија Waymo и Crusie, а сега од Amazon се пофалија и дека нивната компанија Zoox со роботските такси превезува патници по јавните патишта во Калифорнија.

Во нивните автомобили исто така нема возачи, а интересно е дека станува збор за возила кои се направени исклучиво за со нив да управуваат компјутери, така што во внатрешноста нема волан, ниту педала за гас, кочница или сл. Нивното возило може да се движи и во двата правци така што кај него нема преден и заден дел, а така е дизајниран и ентериерот. Видејќи не е предвидено со него да управуваат луѓе, нема ниту вистински предни седишта, туку седиштата се свртени едни кон други, односно кон централниот дел на возилото.

- Advertisement -

Zoox неодамна доби дозвола за тестирање на овие возила на јавните патишта, но само на мала и ограничена должина од околу 1,5 км. Во нив, барем засега, може да се превезуваат само вработени на компанијата меѓу двете канцеларии во градот Фостер Сити во Калифорнија. Максималната брзина со која се движат е околу 56 км/ч.

Amazon ја презеде оваа компанија во 2020 година, кога беше претставено нивното прво роботско такси. Нивниот план сега е да продолжат да ги тестираат, а наскоро се очекува и стартување на сервис во рамките на кој сите вработени ќе можат да се возат со овие возила помеѓу канцелариите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Amazon Zoox)

Сподели!
- Advertisement -