Нов имплант ги претвора мислите на парализираните луѓе во говор

- Advertisement -

Претворањето на внатрешните мисли директно во зборови долго време беше цел на истражувањето за интерфејс мозок-компјутер (BCI). Сега, научници од неколку американски институции развија систем базиран на импланти кој може да го декодира замислениот говор во текст или аудио, постигнувајќи нивоа на точност што претставуваат значителен напредок.

Американскиот тим научници го тестираше декодерот за внатрешен говор на четири волонтери со тешка парализа. Според резултатите објавени во списанието Cell, системот постигнал точност до 74% во преведувањето на мислите во звучен говор. Авторите на студијата нагласуваат дека иако ефективноста варирала, пристапот ја докажува својата одржливост.

- Advertisement -

За разлика од претходните BCI системи, кои се потпираа на обидот за движење на мускулите за зборување или пишување, овој имплант детектира невронска активност поблиску до изворот на говорот. Само да се размислува за говорот, наместо всушност да се обидува да се зборува, потенцијално би можело да биде полесно и побрзо за луѓето, вели невронаучникот Бенјамин Мешеде-Краса од Универзитетот Стенфорд и еден од авторите на студијата.

Уредот ја мери активноста поврзана со фонемите, основните единици на зборовите. Бил обичуван со помош на машинско учење за да ги поврзува сигналите од моторниот кортекс со зборови што учесниците ги замислувале. Истражувачите пронашле преклопување помеѓу обидите за говор и замислениот говор, но биле во можност да ги разликуваат користејќи модел на веројатност.

- Advertisement -

Овие шеми се покажале како слични, но помали верзии на шемите на активност предизвикани од обидите за говор.

“Откривме дека можеме да ги декодираме овие сигнали доволно добро за да демонстрираме доказ за концепт, иако сè уште не толку добро како обидите за говор”, објаснува невронаучникот Френк Вилет од Универзитетот Стенфорд, исто така коавтор на студијата.

- Advertisement -

Се разгледуваат и безбедносни мерки, бидејќи декодирањето на приватни внатрешни монолози носи етички ризици. Сепак, пробната активација со лозинка покажала точност од 98%.

(Science Alert)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -