Основачот на Amazon гради џиновски часовник во внатрешноста на планина

- Advertisement -

Основачот на Amazon гради џиновски часовник во внатрешноста на планина во Тексас со цел да ги мотивира луѓето да размислуваат подолгорочно. Часовникот е дизајниран да работи толку долго што ќе опфати различни цивилизации. Висок е повеќе од 150 метри, пишува Светски економски форум

Часовникот ќе има и посебна стрелка која ќе ги одбележува вековите, а на секои 1.000 години ќе се појави птица која пее. Уникатниот часовник ќе може да работи 10.000 години без човечка интервенција затоа што го придвижува температурната промена меѓу денот и ноќта.

Секој ден кога ќе ѕвони часовникот ќе се слуша различна мелодија. Се проценува дека Џеф Безос инвестирал повеќе од 42 милиони долари во проектот. Часовникот ќе биде отворен и за посетители кога ќе биде завршен. Посетителите ќе можат да се искачат до него и да видат како работи.

Сподели!
- Advertisement -