Малата Хрватка Тара ќе и помага на НАСА да смисли како да ги испратат луѓето на Марс

- Advertisement -

Да се испрати човекот каде што уште не стапнал е мисијата на младата Тара Кнежевиќ од Копривница, Хрватска, која за четири месеци остега патува во Хјустон, САД, во летната школа на НАСА за да смисли како да се испратат луѓето на Марс, пренесува Zimo.

„Според некои предвидувања, веќе во 2022 година на човештвото би му биле потребни некои посилни ракети, односно летала. Јас се надевам дека ќе бидам дел од тимот кој ќе ги осмислува ракетите кои ќе одат на Марс, а се радувам на шансата да запознаам врсници од целиот свет и да видам како размислуваат тие“ вели Тара.

- Advertisement -

Тара за патувањето на Црвената планета ќе размислува заедно до уште 49 најталентирани средношколци од целиот свет. Тестовите на НАСА биле исцрпни, особено усниот дел. „Очекував да ме испитуваат тројца, четворица луѓе. Кога почна разговорот пред мене имаше дванаесетмина. Малку ме шокираа. Сфатив дека многу им е битна нашата креативна страна, нашите идеи, нашето размислување и нашата отвореност кон други луѓе и култури“ објаснува Тара.

Оваа 17-годишна девојка е одличен ученик и во Хјустон ќе помине две недели, каде што ја очекува војничка дисциплина, учење и работа на проекти. „Тара е талентиран ученик кој не се плаши од ништо. Нашиот систем има луѓе кои се спремни, талентирани и подготвени да бидат конкурентни секаде во светот, па и во НАСА“ вели директорот на гимназијата каде што учи Тара, Вјекослав Роботиќ.

Сподели!
- Advertisement -