Протекоа фотографии на новитe Huawei Mate 30 модели пред официјалното претставување

- Advertisement -

Неколку дена во пресрет на официјалното лансирање на новите Huawei уреди протекоа промотивни фотографии на целата линија Huawei Mate 30 модели. Фотографите ги откри Еван Блас, кој е познат по тоа што „протекува“ фотографии, а на нив може да се види како ќе изгледаат моделите Mate 30, Mate 30 Pro, Mate 30 Lite и варијантата Porsche Design на моделот Mate 30 Pro.
Најочекуваниот уред од оваа линија е Mate 30 Pro. Судејќи според фотографиите, овој модел на кинескиот технолошки гигант ќе има закривен екран од левата и десната страна како водопад екранот на Oppo. На задната страна ќе има четири сензори кои се наоѓаат во кружен фотоапарат. Според гласините, тие ќе се состојат од два сензори од 40 мегапискели, еден од 8 мегапискели и т.н. time-of-flight сензор. Во горниот дел од екранот ќе има и два показатели на јачината на сигналот, што сугрерира на тоа дека ова ќе биде верзија со две СИМ картички.
Mate 30 има помал дисплеј затоа што има помал број сензори за препознавање лице. Исто така, овој модел не би требало да биде достапен во верзија со две СИМ картички. И двата уреди треба да го имаат новиот процесор Kirin 990, кој вклучува и 5G модем.
Од друга страна, Mate 30 Lite има поинаков дизајн од тие два уреди, На предната страна Mate 30 Lite има отвор за предната камера и четириаголно поставени камери. Сензорот за отпечаток од прст исто така се наоѓа на задната страна. Блас вели дека овој стамртфон изгледа како моделот Nova 5i Pro, кој беше претставен во јули, а користи помалку моќен процесор Kirin 810.
Huawei ќе го претстави и Porsche Design верзијата на Mate 30 Pro, чи екуќиште ќе биде направено од кожа, а ќе биде достапен во црна и црвена боја.
Цените на новите модели на Huawei уште не се познати, а повеќе детали ќе дознаеме на официјалното претставување на 19 септември.

Сподели!
- Advertisement -