Годишниот извештај на компанијата Brand Finance покажа која е најбогатата и највредната компанија во автомобилската индустрија. Првото место го зазема Mercedes-Benz со вредност од 43,9 милијарда долари. Производителот од Штутгарт ја престигна Toyota која моментално вреди 43,7 милијарда долари, пишува 24 Sata.
Mercedes-Benz бележи раст од 24% во однос на претходната година како резултат на извонредно добрата продажба во 2017 година. Ширум светот, оваа автомобилска компанија испорачала 2,3 милиони автомобили што е за 9,9% повеќе продажба отколку во 2016 година.
Како што споменавме, на второто место како највреден бренд во автомобилската индустрија е Toyota која претрпи пад на вредноста од 6%. BMW и покрај порастот од 6% падна на третото место и сега вреди 41,8 милијарда долари. Во десетте највредни автомобилски брендови се наоѓаат и Volkswagen, Honda, Nissan, Porsche, Ford, Audi i Chevrolet.
Извештајот ги рангирал и најсилните автомобилски брендови, листа на која пак на првото место се наоѓа Ferrari, а после него следуваат Porsche, Jaguar итн.