Компанијата Airbus тестира џиновски харпун со кој ќе се отстрануваат старите сателити и останатиот вселенски отпад. Харпунот е долг еден метар, а ќе биде прикачен на вселенско летало и ќе го лови вселенскиот отпад. Потоа леталото ќе го повлекува својот „плен“ во атмосферата за целосно да согори.
Airbus повеќе години работи на овој концепт и развива се поголеми системи. Проектот е одговор на растечкиот проблем со вселенскиот отпад, делови ос стар хардвер кои и понатаму кружат околу Земјата и претставуваат опасност поради судирање со оперативни сателити., пишува Klix.ba.
Моментално околу Земјата се следат околу 20.000 компоненти со големина од 10 сантиметри нагоре. Најновиот харпун на Airbus е дизајниран за да може да го фати и еден од најголеми отпадни предмети во вселената, а тоа е нефункционалната платформа за опсервација на Земјата – Envisat, која одненадеж престана да функционира во 2012 година.
Харпунот се тестира во Стивенејџ во Велика Британија, а тестовите вклучуваат исфрлање на харпунот со користење компресиран воздух во панел кој треба да претставува различни материјали кои се користени за производство на сателитскиот отпад. Тестовите покажаа дека харпунот поминува низ панелот како врел нож низ путер. Кога врвот од харпунот ќе го пробие панелот, се активираат додатоци кои спречуваат харпунот да излезе.
Минијатурна верзија на харпунот на Airbusovog ќе биде лансирана во вселената во април во рамките на мисијата RemoveDebris. Демонстрациски сателит развиен во Вселенскиот центар Сари ќе носи отпад и ќе го пушти, а потоа ќе следува негово ловење со харпунот. Што се однесува на харпунот од Стивенејџ, тој е подготвен за наредната фаза од развојот, а тоа е исфрлање од оддалеченост од 25 метри.