Основачот на WhatsApp повикува: Време е да ги избришете профилите на Facebook

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook ја тресе голема криза последните неколку дена. Вредноста на компанијата падна за 37 милијарди долари, а самиот Марк Цукерберг изгуби околу 5 милијарди долари. Без оглед на тоа, Facebook и понатаму е една од највредните компании во светот со вредност поголема од 500 милијарди долари. Но, додека се размотува клопчето со аферата со злоупотребата на податоци од корисниците на социјалната мрежа во предизборната кампања на Трамп, Facebook доби и тужби од своите акционери, па се поставува прашањето што уште ќе му се случи на Цукерберг.

Facebook во 2014 година ја купи апликацијата WhatsApp за 16 милијарди долари и ги направи нејзините соосновачи, Брајан Актон и Јан Коум многу богати луѓе. Коум и понатаму е на чело на компанијата, но Актон на почетокот на годинава даде оставка за да почне своја фондација Signal Foundation, која го штити слободното изразување и овозможува безбедна глобална комуникација.

- Advertisement -

„Време е. Избришете го Facebook” повика Актон. WhatsApp стана најпопуларна мобилна апликација за размена на пораки и видеозаписи, а ја користат околу 1,5 милијарди корисници.  Актон не е првиот поранешен функционер од Facebook кој иа негативни чувства кон компанијата откако ја напуштил. Минатата година поранешниот одговорен за развој во Facebook, Чамат Палихапитја, предизвика бура на Интернет откако изјави дека Facebook „креирал алатки кои го уништуваат начинот на кој функционира општеството“. Други поранешни функционери кои изразија жалење што работеле во таква компанија се Шон Паркер, Џастин Розенстајн и инвеститорот Роџер Мекнами.

Сподели!
- Advertisement -