Zackees ракавиците кои покажуваат ЛЕД сигнали се најубавиот гаџет за велосипедисти. Ракавиците се уникатна комбинација на мода и технологија и имаат посебни ЛЕД светла во форма на стрелки кои велосипедистите можат да ги користат за да сигнализираат каде одат. Така велосипедистите ќе бидат побезбедни, пишува Venture Beat.
Компанијата Zackees во својот опис за ракавиците пишува: „Ви требаат за да бидете побезбедни, но носете ги и затоа што се модерни“. Таа комбинација корисност + технологија + мода се суштината на Zackees кои се развиени од поранешен инженер на Google, моден дизајнер и специјалист за роботика.
Ракавиците несомнено ќе ја подобрат безбедноста на корисниците затоа што видливоста и забележителноста е многу битна за велосипедистите, кои честопати не се видливи за возачите на автомобили. Ракавиците се добри и за луѓе што трчаат, што возат скејтборд или ролери.