Space X на својата ракета Falcon 9 лансираше технологија за ловење вселенски отпад

- Advertisement -

Иако звучи необично, отпадот во вселената лебди насекаде околу Земјата. Таму има се и сешто – од расипан хардвер до вселенски бродови. Но, Surrey Space Center работи на решавање на случајот и неодамна доби поддршка и од Илон Маск и неговата SpaceX. Нивната технологија RemoveDEBRIS штотуку беше лансирана со ракетата Falcon 9 на SpaceX до Интернационалната вселенска станица, каде што ќе лови вселенски отпад со харпун и мрежа.

- Advertisement -

Научниците вака ќе добијат информации за тоа која стратегија функционира најдобро за чистење на вселенскиот отпад со помош на RemoveDEBRIS технологијата. Оваа технологија се состои од главната сателитска платформа која е спакувана во посебни кутии кои треба да ги отпакуваат астронаутите во вселенските мисии. Технологијата ќе биде испратена во вселената со роботска рака. Ловење со харпун, со мрежа и влечење се некои од технологиите кои ќе се тестираат на мисијата.

- Advertisement -

Главниот истражувач Гиљермо Аглиети вели дека експертите не се одлучни кој е најдобриот начин за чистење на вселенскиот отпад затоа што сите достапни технологии имаат предности и негативни страни. Проектот ќе чини околу 18 милиони долари. „Според мене, дали ќе има вистински мисии за чистење на отпадот од вселената зависи од трошокот. Загрижен сум дека доколку се екстремно скапи, луѓето ќе се префрлат на други приоритети“ објаснува Аглиети.

Европската комисија обезбеди половина од таа сума, а партнерите како што се Airbus и Surrey Satellite Technology Limited ќе ја обезбедат другата половина.

Сподели!
- Advertisement -