Денес постојано се логираме некаде. Најчесто тоа е на Интернет на некој профил или на банкарска сметка за префрлање пари од сметка на сметка, онлајн шопинг, преглед на временската прогноза или повикување превоз. Но, што ако одненадеж не можете да се логирате на сметката кога тоа најмногу ви треба? Што ако на екранот ви се појави порака „погрешна лозинка“? Дали тогаш нема да можете да стигнете дома навреме или ќе мора без јакна да излезете на дождот? Бидејќи во реалноста проблемите поврзани со заборавена лозинка се посериозни. Едно истражување на Kaspersky Lab ги покажа дилемите кои ги имаат луѓето кога треба да си ги заштитат онлајн сметките.
Имајќи предвид дека секојдневно за да функционираме нормално многу сме зависни од “онлајн сметките” , Kaspersky Lab откри дека луѓето постојано се соочуваат со истата дилема – како да ја изберат вистинската лозинка. Некои од нив за “секоја сметка” имаат силни и различни лозинки кои не можат да се хакираат и да се злоупотребат, но потоа ги забораваат лозинките. Други, пак, избираат лозинки кои лесно се паметат, но на тој начин се изложуваат на опасностите од сајбер криминалот.
Одговор на првата дилема – силни лозинки кои тешко се паметат
Според истражувањето на компанијата за сајбер безбедност, многу консументи разбираат дека треба да имаат силни лозинки. На прашањето за кои три сметки се потребни најсилни лозинки 63% од консументите одговориле дека тоа се онлајн банкарските сметки, 42% ги избрале апликациите за онлајн плаќање и е-паричниците, а 41% онлајн шопингот.
Сепак, бидејќи тешко се паметат, луѓето брзо ги забораваат и потоа не можат да пристапат до сметките. Двајца од петмина луѓе или 38% не можат брзо да се снајдат и да постават нови лозинки откако ќе ги заборават старите. Тоа предизвикува фрустрација и стрес доколку не можат лесно и брзо да завршат секојдневни нормални активности.
Кога станува збор за чувањето на лозинките, повеќе од половина од испитаниците (51%) ги чуваат на небезбедни локации, а четвртина (23%) дури и ги запишуваат на хартија за да не ги заборават, што исто така ги изложува на опасност.
Одговор на дилемата број два – едноставна лозинка која лесно се хакира
Како алтернатива на дилемата за лозинките и да се избегне фрустрацијата кога мора да се паметат сложени лозинки многумина ставаат небезбедни лозинки. На пример, 10% од испитаниците користат една иста лозинка за сите сметки, со што си го олеснуваат животот. Но, тоа трае се додека некој сајбер криминалец ја дознае лозинката за една сметка и потоа може да се логира на сите останати.
На 17% од испитаниците во истражувањето на Kaspersky Lab во изминатите 12 месеци им хакирале сметка или се соочиле со закана да им хакираат некоја сметка. Имејловите се најчесто таргетираните сметки (41%), а потоа следуваат социјалните медиуми (37%), банкарските сметки (18%) и сметките за онлајн шопинг (18%).
Одговор на дилемата – сепак има и трета опција
Според Kaspersky Lab, консументите не мора да бидат ограничени на само две опции во врска со лозинките. Нема потреба да се компромитираат сметките, објаснува Андреј Мохола, шеф на одделот за бизнис со корисници во Kaspersky Lab.
„Доколку луѓето имаат силни лозинки кои можат да ги запаметат, не само што ќе можат лесно да пристапат до секоја сметка, туку нивните информации ќе бидат безбедни од сајбер криминалците. Тоа е битно за корисниците кои сакаат нормално да ги вршат секојдневните активности и да бидат безбедни без да ги откријат своите податоци на сајбер криминалците.
Но, тешко се паметат сложените лозинки, што значи корисниците се соочуваат со дилемата за лозинките секој ден и често ги забораваат силните лозинки или креираат толку лесни лозинки за паметење кои се лесна мета за хакирање. Сепак, има трета опција – можат да користат решенија за менаџирање со лозинки кои им овозможуваат на луѓето ем да имаат силни лозинки ем да не мора да ги паметат или да ги запишуваат” вели Мохола.
За да им помогне на консументите да ја имаат контролата врз својот онлајн идентитет Kaspersky Password Manager ги чува сите лозинки во безбеден сеф. Луѓето мора да запаметат само една главна лозинка за да пристапат до сите сметки, па така нема ни да ги фаќа паника кога им се спречени да пристапат до некоја сметка. Преку бесплатната сметка My Kaspersky корисниците можат да пристапат до своите лозинки од секој уред без разлика каде се и во кој период од денот и на тој начин сите информации им се достапни само ним.
Опцијата за автоматско генерирање лозинки помага да се креираат силни лозинки и им се отежнува работата на сајбер криминалците.
За повеќе информации како производите на Kaspersky Lab можат да им помогнат на консументите да држат контрола врз нивните онлајн сметки посетете ја страницата http://www.kabtel.mk/mk/kaspersky_home.php .
Овластен дистрибутер на Kaspersky Lab за Македонија е Кабтел дооел Скопје, 02/310 3235.