Потпретседателот на компанијата Lenovo, Чанг Ченг, на социјалната мрежа Weibo го најави новиот паметен телефон, а наводно, станува збор за првиот вистински all screen паметен телефон во светот.
Тоа значи дека екранот на идниот паметен телефон ќе ја зазема целата предна страна и дека ќе го ограничува само тенок раб. Од iPhone X ќе се разликува по тоа што нема да го има денес популарниот „заб“ на екранот.
Новиот teaser за паметниот телефон наречен Lenovo Z5 следува откако се појави фотографија која делумно го открива изгледот на уредот и протекоа информации дека екранот ќе зазема 95% од предниот дел.
Ченг наведе дека Z5 ќе има четири технолошки новитети, вклучувајќи 18 патентирани технологии. За жал, ќе мора да почекаме за останатите детали, особено за камерите.