Доколку барате нова работа, во зависност од квалификациите коишто ги имате, можеби е време да поднаучите некои нови технолошки вештини или да ги повторите старите. LinkedIn недамна објави листа со топ 25 најбарани вештини за 2018 година и јасно е дека многу работодавци ќе бараат луѓе со искуство во работа со компјутери, веб девелопери и софтверски и дата инженери, пишува Mental Floss.
LinkedIn анализираше податоци од својата корисничка база за повеќе од 500 милиони луѓе за да утврди кои вештини им се најпотребни на работодавците. Илјадници индивидуални вештини потоа се групирани во некои заеднички категории. Понатаму, LinkedIn ги анализираше активностите на најмување и регрутирање во период од 8 месеци и ги идентификуваше категориите вештини кои ги поседуваат поединците кои имаат најголеми шанси да почнат да работат во некоја компанија и да го привлечат интересот на компаниите.
Еве кои се топ 25 најбарани вештини годинава:
а) Меки вештини
- лидерство
- комуникација
- соработка
- менаџирање со време
б) Тврди вештини
- работа во облак
- статистички анализи и „рударење“ на податоци
- софтвер за интегрирање
- веб архитектура и развој на рамки
- дизајн на кориснички интерфејс
- системи за контрола и ревиција на софтвер
- презентација на податоци
- маркетинг со оптимизација на пребарувачи
- мобилен развој
- безбедност на мрежи и информации
- менаџирање со маркетинг кампањи
- дата инженеринг и складиштење на податоци
- системи за складирање и менаџмент
- електронски и електроинженеринг
- дизајн на алгоритми
- веб програмирање
- Mac, Linux и Unix системи
- програмски јазици
- Java девелопер
- бизнис интелигенција
- софтверски прашалници и тестирање на корисници