Научници открија суперземја – оддалечена е шест светлосни години

- Advertisement -

Планетите кои кружат околу ѕвезди надвор од Сончевиот систем се нарекуваат егзопланети и досега се откриени речиси 4.000 такви планети. Новооткриената ладна и слабо осветлена планета, наречена суперземја, веројатно кружи околу најблиската самостојна ѕвезда до нашиот соларен систем. Според проценките, планетата веројатно е 3,2 пати потешка од Земјата, најверојатно кружи околу Бaрнардовата ѕвезда (многу ладна и релативно мала ѕвезда наречена Црвено џуџе) и е оддалечена околу шест светлосни години од нас. Тоа е релативно мало вселенско растојание.

Научниците мислат дека планетата кружи од Бaрнардовата ѕвезда за 233 дена. Оваа планета е втората најблиска до Сончевиот систем. Се претпоставува дека станува збор за суперземја, односно категорија планети поголеми од Земјата, но помали од големите гасовити планети.

- Advertisement -

„По многу внимателни анализи, 99% сме сигурни за локацијата на планетата. Ќе продолжиме да ја набљудуваме да ги зиклучиме можните, но малку веројатни природни варијации на ѕвездена светлина кои може да изгледаат како планети“ изјавија од Каталонскиот институт за вселенски истражувања.

Единствената ѕвезда поблиска од Бaрнардовата е дел од ѕвездениот систем Алфа Кентаур и е оддалечена од Сончевиот систем нешто повеќе од четири светлосни години. Астрономите пред две години објавија откритие на планета со слична големина на Земјата која кружи околу Проксима Кентаур, ѕвездата најблиска до Сонцето, на чија површина може да има проточна вода и голема можност за вонземски живот.

- Advertisement -

Новооткриената планета која кружи околу Бaрнардовата ѕвезда веројатно не е толку возбудливо откритие затоа што температурата на површината може да изнесува до -170 степени Целзиусови. Бернардовата ѕвезда на таа ледена планета дава само 2% од енергијата која ја дава Сонцето на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -