Англиската црква на верниците им понуди можност да го користат виртуелниот асистент на Amazon, Alexа, за молитва. Верниците сега можат да и наредат на Alexа да им ја прочита молитвата на денот, Десетте божји заповеди, молитвата на Господ или молитвата за пред јадење. Виртуелниот асистент Alexa доби и функција лоцирање на цркви во околината каде што се наоѓаат верниците за да ги поттикне луѓето почесто да одат во црква и да се молат.
Како што пишува Klix.ba, овој потег на Amazon е дел од онлајн кампањата на Англиската црква откако бројни истражувања покажаа дека се помалку луѓе одат во црква и присуствуваат на миси. Англиската црква во иднина сака да овозможи слични услуги и преку Google Play сервисот. Податоците на истражувањата покажуваат дека 1,2 милијарди луѓе ја користат официјалната интернет страница на Англиската црква, но бројот на посети во црква се намалил за 14% од 2006 година.