Најдобрите 50 ресторани во светот за 2018-та година веќе се познати, а ресторанот „Osteria Francescana“ во Модена во Италија го зазема првото место.
Како што пренесува Independent, претставниците на најдобрите рестораните од пет континенти се собраа во шпанскиот град Билбао каде се одржа овогодинешната церемонија за доделувањето на наградите. Ова не е првпат ресторанот од Модена чиј главен готвач е Масимо Ботура да се пласира на првото место – „Osteria Francescana“ беше прогласен за најдобар ресторан и во 2016 година.
Второто место оваа година беше доделено на ресторанот „El Celler de Can Roca“ во Шпанија (трето место во минатата година). Со една позиција напред во рангирањето, во споредба со минатата година, се движи и францускиот „Mirazur“ кој е на трето место.
Минатогодишниот победник, „Eleven Madison Park“ од Њујорк, оваа година е рангиран на четвртото место.
Исто така забележлив е недостатокот на готвачи од понежниот пол меѓу добитниците на наградите, познати како Оскари на прехранбената индустрија. Од првите 50 ресторани, само четири ресторани можат да се пофалат со женски готвачи.
Оваа година за првпат е рангиран и ресторан од Балканот, односно ресторанот „Hiša Franko“ од Словенија кој се најде на 48. место.
Еве како изгледа целосната листа годинава:
- „Osteria Francescana“ (Модена, Италија)
- „El Celler de Can Roca“ (Жирона, Шпанија)
- „Mirazur“ (Мантон, Франција)
- „Eleven Madison Park“ (Њујорк, САД)
- „Gaggan“ (Бангкок, Тајланд)
- „Central“ (Лима, Перу)
- „Maido“ (Лима, Перу)
- „Arpege“ (Париз, Франција)
- „Mugaritz“ (Сан Себастијан, Шпанија)
- „Asador Etxebarri“ (Аукс, Шпанија)
- „Quintonil“ (Мексико сити, Мексико)
- „Blue Hill at Stone Barns“ (Њујорк, САД)
- „Pujol“ (Мексико сити, Мексико)
- „Steirereck“ (Виена, Австрија)
- „White Rabbit“ (Москва, Русија)
- „Piazza Duomo“ (Алба, Италија)
- „Den“ (Токио, Јапонија)
- „Disfrutar“ (Барселона, Шпанија)
- „Geranium“ (Копенхаген, Данска)
- „Attica“ (Мелбурн, Австралија)
- „Alain Ducasse au Plaza Athénée“ (Париз, Франција)
- „Narisawa“ (Токио, Јапонија)
- „Le Calandre“ (Рубано, Италија)
- „Ultraviolet“ (Шангај, Кина)
- „Cosme“ (Њујорк, САД)
- „Le Bernardin“ (Њујорк, САД)
- „Boragó“ (Сантијаго, Чиле)
- „Odette“ (Сингапур)
- „Alléno Paris au Pavillon Ledoyen“ (Париз, Франција)
- „D.O.M.“ (Сао Пауло, Бразил)
- „Arzak“ (Сан Себастијан, Шпанија)
- „Tickets“ (Барселона, Шпанија)
- „The Clove Club“ (Лондон, Велика Британија)
- „Alinea“ (Чикаго, САД)
- „Maaemo“ (Осло, Норвешка)
- „Reale“ (Кастел ди Сангро, Италија)
- „Restaurant Tim Raue“ (Берлин, Германија)
- „Lyle’s“ (Лондон, Велика Британија)
- „Astrid y Gastón“ (Лима, Перу)
- „Septime“ (Париз, Франција)
- „Nihonryori RyuGin“ (Токио, Јапонија)
- „The Ledbury“ (Лондон, Велика Британија)
- „Azurmendi“ (Ларабецу, Шпанија)
- „Mikla“ (Истанбул, Турција)
- „Dinner by Heston Blumenthal“ (Лондон, Велика Британија)
- „Saison“ (Сан Франциско, САД)
- „Schloss Schauenstein“ (Фростенау, Швејцарија)
- „Hiša Franko“ (Кобарид, Словенија)
- „Nahm“ (Банкок, Тајланд)
- „Test Kitchen“ (Кејптаун, Јужна Африка)