ФинХакатон: Ова се тимовите кои ќе изработат видео-игра и веб апликација за подобро разбирање на буџетот!

- Advertisement -

Два тима победија на #ФинХакатон. Тимот составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановски и Георги Михаилов имаа најдобра видео и мултимедијална игра. Најдобра веб апликација пак, понуди тимот составен од Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Столеска, Александар Трпески и Александар Бакo Марковски.

Преку веб апликација, видео и мултимедијална игра, Министерството за финансии ќе го направи Буџетот на РМ уште подостапен и транспарентен за граѓаните.

- Advertisement -

Натпреварувачите во седум тима на ФинХакатонот, кој го организираше Министерството во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во рок од 48 часа бараа решенија за овие два предизвика. Фондот за награда е 1,5 милиони денари.

- Advertisement -

Она што е примарно за Владата е да биде транспарентна за тоа каде одат државните пари, односно како се трошат парите на граѓаните. Буџетот на РМ претставува најсеопфатен документ на проектите и политките кои ги спроведува Владата. Затоа овој ФинХакатон е посветен токму на Буџетот на РМ. Граѓанскиот буџет добива нова форма, многу попристапна и поразбирлива за јавноста. Во апликацијата, видеото и играта ќе се прикажат приходите и расходите на државата, како тие се собираат и трошат, на начин приемчив за граѓаните.

 

- Advertisement -

Ова е првпат која било институција во Македонија да организира ваков настан. Хакатонот е натпревар, предизвик, во кој во ограничен временски период и простор програмери, графички дизајнери, хакери и креатори на софтвер, да работат на развој на софтверски или мултимедијален производ на зададена тема.

Сподели!
- Advertisement -