Трговската војна меѓу Америка и Кина, која ја почна Доналд Трамп, резултираше, меѓу другото, со зголемување на цените на електричните автомобили на Teslа во Кина. Во зависност од конфигурацијата, цените на моделите S и X се зголемени за повеќе од 20.000 долари! Со оглед на фактот дека возилата на Teslа секако не се евтини, ова зголемување на цената ќе се одрази и на продажбата на автомобили во најнаселената земја во светот. Како и секогаш, Илон Маск има решение и за тој проблем – се изгради фабрика за Teslа возила во Шангај.
Минатата година во Кина биле продадени речиси 15.000 автомобили на Teslа и 1/5 од приходите на компанијата се оствареи токму во Кина, па јасно е дека станува збор за голем и битен пазар за компанијата. Треба да се напомене и дека Маск и пред трговската војна зборуваше за изградба на фабрика во Кина, а одлуката на Трамп можеби ја забрза реализацијата на таа одлука. Моментално не е познато кога ќе почне производството на автомобили во кинеската фабрика, но според некои изјави, веројатно таму ќе се произведуваатмоделите 3 и Y, како и новиот SUV на Teslа, кој уште не и е претставен на јавноста.
Од Teslа го потврдија потпишувањето на договорот за изградба на Gigafactory 3, а почетокот на работата може да го очекуваме наскоро, односно кога ќе се набават сите дозволи. Планирано е изградбата да заврши за две години. Максималниот годишен капацитет за производство на возила би изнесувал окол 500.000 возила. Како што напоменуваат, кинеската фабрика нема да влијае на работата во САД, каде што ќе продолжат со раст. Се планира и изградба на фабрика во Европа, за која се уште нема доволно детали.