Револуција во светот на смартфоните

- Advertisement -

На пазарот на паметни телефони постојано излегуваат новитети, а компанијата Самсунг секогаш нуди нешто поразлично, од голема важност и креативно. Најновата серија од семејството Галакси – Самсунг Галакси С10 пристигна со огромен број на исклучителни опции. Трите модели, Самсунг Галакси С10, С10+ и С10е се креирани за искуство на ново ниво. Овие уреди нудат слични, но и различни можности кои се дефинитивно одлични, без компромис.

Галакси С10 има 6.1-инчен екран, а С10е поседува 5.8-инчен екран. Неверојатниот 6.4-инчен екран на Галакси С10+ претставува одлична замена за лап топ бидејќи со него може да ги завршувате сите обврски брзо, лесно, едноставно без да имате потреба да го носите лап топот со вас, секогаш и секаде.

- Advertisement -

Трите уреди имаат Динамичен АМОЛЕД екран со приказ на врвни бои кои создаваат непречено искуство при гледање содржини, работење, играње, уживање.

Една од најважните карактеристики во оваа серија на уреди претставува квалитетната батерија. Според големиот број на истражувања направени изминатите децении, долготрајноста на батеријата е клучна потреба за одлично корисничко искуство. Токму затоа, батеријата на уредите од Галакси С10 серијата на смартфони е долготрајна и направена за потребите на најзафатените. Преку иновативната технологија за безжично споделување на енергија, можете да полните други компатибилни уреди. На овој начин, нема да имате потреба да носите многу полначи и кабли постојано со себе.

- Advertisement -

Според тимот и философијата на компанијата Самсунг, корисниците се најважни, па затоа на иновациите им нема крај. Новиот софтвер на Галакси С10 со вештачка интелигенција автоматски ја оптимизира батеријата, процесорот, работната меморија, како и температурата на уредот, врз основа на тоа како се користи телефонот. Ова претставува олеснителна околност за корисниците, затоа што во денешното брзо темпо на живеење, постојано имаме потреба од смартфон кој ќе се прилагоди на нашите потребите.

- Advertisement -

Со помош на интелигентниот софтвер, уредот ги учи навиките и ги подобрува перформансите. Користејќи ги способностите на вештачката интелигенција, Галакси С10 преку учењето на начинот на користење на уредот, побрзо ги вклучува апликациите кои се најчесто користени.

Исто така, Галакси С10 поседува нова технологија на камери и напредна интелигенција која го поедноставува начинот на креирање врвни фотографии и видеа. За прв пат во рамки на С серијата, Галакси С10 има Ултра-Широки Леќи со 123 степени поле на гледање, како човековото око. Совршен е за импресивни пејсажни фотографии, големи панорами, па дури и семејни портрети од поширокото семејство. Со помош на Ултра-Широката Леќа секогаш може да се фотографира целосната сцена.

Самсунг Галакси С10 и С10+ со помош на Ултрасоничниот скенер за отпечаток ги штитат вашите податоци на ниво на заштита на сеф. А за уште поголема слобода при користењето на уредите допринесува огромната меморија која овозможува создавање слики, видео записи и креирање податоци, сè согласно потребите на корисникот.

Сите овие карактеристики ја прават новата Галакси С10 серија неверојатна, задоволувајќи ги различните потреби на денешниот пазар на смартфони, овозможувајќи им на корисниците уште повеќе да ги прават работите во кои уживаат.

Сподели!
- Advertisement -