Renault го сели производството на моделот Clio во Словенија

- Advertisement -

Францускиот автомобилски магнат Renault, во рамките на новата инвестициска рунда во електрична мобилност, ќе го удвои производството на моделот Zoe во својата најголема француска фабрика во Флинс, што значи дека производството на моделот Clio ќе го преземе фабриката во Бурса во Турција, но и фабриката во словенечкиот град Ново Место, пренесува Poslovni Dnevnik.

Renault инвестира околу милијарда евра во подобрување на производството на електрични автомобили, а следната година би требало да ја лансира новата верзија на електричниот модел Zoe што ќе бида првата надоградба на автомобилот од 2012 година кога излезе на патиштата како еден од првите електрични автомобили во Европа.

- Advertisement -

Zoe беше најпродаваниот електричен автомобил во Европа меѓу 2015 и 2017 година, но лидерската позиција неодамна ја презеде Nissan Leaf, иако треба да се напомене дека Nisaan и Renault се во стратешко партнерство. Со новите инвестиции производството на Zoe ќе се зголеми од 220 на 440 автомобили на ден.

Досега во фабриката во Флинс, покрај Clio и Zoe, се произведуваше и Nissan Micra, а минатата година биле произведени 63.000 модели на Clio и околу 94.000 на Micra.

- Advertisement -

Новиот Clio би требало да почне да се произведува во Словенија на почетокот на следната година. Според неофицијалните информации, петтата генерација на Clio ќе биде слична како и досегашните модели на малиот урбан теренец. Во фабриката во Ново Место, која вработува нешто помалку од 3.400 луѓе, производството на Clio ќе тече од почеток до крај.

Сподели!
- Advertisement -