Audi прави клучна пресвртница кон електрична мобилност

- Advertisement -

Нова ера започнува во Audi. Oфицијално започна серијата на производство на електрични мотори.  Симболично, фабриката за производство беше отворена од Петер Сијарто, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Кеслер, член за производство и логистика во Бордот за менаџмент и Аким Хајнфлинг, управен директор на Audi Унгарија.

- Advertisement -

„Со почетокот на производство на електрични мотори Audi моментално се движи во комплетно нов правец, поставувајќи го Győr како главен производител на електрични мотори кој ја отелотворува нашата стратешка трансформација како овозможувачи на одржлива мобилност”, изјави Петер Кеслер, член за производство и логистика во Бордот за менаџмент.

„Audi ја зазема пионерската улога во производството на електрични мотори. Горд сум на високото ниво на мотивација и експертиза на нашите вработени. Тие успешно и со голема посветеност го започнаа производството на новиот електричен мотор” изјави и Аким Хајнфлинг, управниот директор на Audi Унгарија.

- Advertisement -

Првите електрични мотори произведени од Audi ќе бидат употребени во првото електрично возило на Audi – E-Tron, кој ќе биде произведен во Audi фабриката во Брисел.  За производството на електричните мотори Audi имплементира иновативна опрема и машини во својата фабрика за само една година. Со цел да се развие производството во вистински правец, одделите за развој и производство на електричните мотори на Audi се одлучија за соработка со технолошкиот центар за производство во Ѓер, Унгарија.

- Advertisement -

Паралелно со објектот за производство, Audi инсталира тест клупи за електрични мотори во одделот за развој, кои се користат за тестови и континуирани истражувања. Вработените беа подложени на обука со цел да станат електрични експерти во технолошкиот центар за производство на електрични мотори.

Сподели!
- Advertisement -