ВИДЕО: Stable Doodle AI ги претвора скиците во слики

- Advertisement -

Компанијата Stability AI, позната по моделот за генерирање слики од текст Stable Diffusion, стартува нова услуга под името Stable Doodle, која вашите најбанални цртежи и скици ќе ги претвори во квалитетни слики.

Stable Doodle го корист најновиот модел на Stable Diffusion за анализа на сликите и генерирање на нејзините уметнички изведби. Достапен е преку ClipDroр, платформата која Stability ја купи кога го купи AI стартапот Init ML, кој го основаа поранешни вработени во Google, а како функционира можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

„Stable Doodle е наменет за професионалните и почетниците, без оглед на нивното познавање на AI алатките. Со Stable Doodle секој со основни вештини на цртање и пристап до интернет може да генерира висококвалитетни оригинални слики за неколку секунди“, пишува Stability AI во објава на својот блог. “

Постојат повеќе AI алатки за претворање на скици во слика, но од Stability AI велат дека Stable Doodle е единствен по тоа што овозможува попрецизна контрола над генерирањето слики.

- Advertisement -

Stable Doodle го користи моделот Stable Diffusion XL во комбинација со контролното решение T2I-Adapter, кое овозможува Stable Diffusion XL да прифаќа скици како влезни податоци и го води моделот за да се овозможи што подобро фино прилагодување на излезното уметничко дело.

Освен скици, Stable Doodle прифаќа текстуални упатства за насочување на процесот на генерирање слики, како „удобен стол, изометриски стил“ или „мачка со трапер јакна“, но постои ограничување затоа што Stable Doodle поддржува само 14 стилови на уметност.

- Advertisement -

Stability AI предвидува дека Stable Doodle ќе служи како алатка на дизајнери, илустратори и други професионалци за, како што велат, „ослободување на драгоцено време и максимизирање на ефикасноста“ во нивната работа. Од компанијата велат дека квалитетот на излезните слики зависи од деталите на почетниот цртеж и квалитетот на текстуалното упатство, како и од сложеноста на сцените кои се прикажуваат.

Stable Doodle можете да го испробате на овој линк.

(Vidi.hr)

(фото: Clip Drop)

Сподели!
- Advertisement -