Америкаскиот Т-Mobile ја избра Нокиа за набавка на нова 5G мрежна опрема вредна 3,5 милијарди долари! Тоа е досега највисока вредност на договор поврзан со 5G технологија во светот и конкретен доказ за јакнење на новиот циклус во надградба на безжичната мрежа.
Третиот по големина мобилен оператор во САД Т-Мobile, кој пролетта се спои со Spirit за да креира поголем конкурент на американските гиганти Verozon и AT&Т, порача дека со повеќегодишниот договор со Nokia ќе успее да го достави првиот 5G мрежен сервис ширум земјата.
Договорот со T-Mobile е од пресудна важност за финската компанија Нокиа чии деловни резултати со години наназад се под притисок на успорената побарувачка за постојната 4G мрежа и растечките сомнежи на инвеститорите околу тоа дали 5G договорите ќе ја зголемат профитабилноста на компанијата.
5G мрежата ветува постигнување на поголеми брзини за корисниците на мобилни уреди и ја прави мрежата почувствителна и подоверлива за иден развој на новата индустрија за автоматизација, медицински надзор, автономни возила и други намени. Но, ценовно ограничените телеком оператори ширум светот се многу внимателни при одлука за комерцијална надградба на постојните мрежи со оглед на тоа дека многумина 5G технологијата едноставно ја гледаат како начин за постепено зголемување на капацитетот, а не како простор за нови можности.
Нокиа ќе го снабди T-Mobile, американскаат подружница на германски Дојче Телеком со радиски пристап до AirScale платформата, вклучувајќи хардвер поврзан со cloud работење, софтвер и други услуги.