„Лидл“ го намалува прехранбениот отпад

- Advertisement -

Одлуката на „Лидл” – Велика Британија да продава овошје и зеленчук со траги на гнилеж, кои уште можат да се јадат, е дел од проектот „Too Good To Wast” (Премногу добро за да се фрли).

Пакувањата од по 5 килограми овошје и зеленчук ќе се продаваат по цена од 1,5 фунти. Според наводите на „Ритеил газет”, трговецот ја почнал кампањата со обид да тестира и да пронајде начин како го намали прехранбениот отпад за 25% до 2020 година.

Кутиите, како што ги нарекуваат, со „несовршено” овошје и зеленчук, најпрвин ќе бидат достапни во 122 објекти низ целата земја, а потоа и низ целата продажна мрежа. Трговецот проценува дека со оваа мерка би можело отпадот да се намали за 10.000 тони годишно.

- Advertisement -

Пропорционално, во целиот синџир најмногу се продаваат овошјето и зеленчукот, но истовремено, тие свежи производи сочинуваат и најголем дел од отпадот, објаснуваат од „Лидл”.

Слична мерка почнаа да применуваат и „Асда” и „Морисонс”, кои нудат слични пакети по цена од 3,5 фунти по пакување.

- Advertisement -

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -