Xiaomi надмина пазарна вредност од 100 милијарди долари

- Advertisement -

Основачот на Xiaomi, Леи Јун, може конечно да се радува откако кинескиот производител на паметни телефони достигна пазарна вредност од над 100 милијарди долари. Таа бројка компанијата се трудеше да ја достигне изминатитеи две години.

Акциите на Xiaomi скокнаа дури за над 9% минатата среда и достигнаа нов рекорд на Хонгконшката берза. Денот го завршија со пазарна вредност повисока за 7,6% – 103 милијарди долари.

- Advertisement -

Xiaomi генерира најголем дел од продаѓбата од смартфони и првично вредноста од 100 милијарди долари беше планирана за мај 2108 година за нивното ИПО. Но, во текот на првите две години постоење како јавно листана компанија акциите на компанијата имаа многу пониска цена.

Вредноата на акциите почна да се менува во нагорна линија уште од август годинава. Оттогаш досега вредноста на акциите е речиси дуплирана. Xiaomi во ноември објави дека го имале најголемиот квартален пораст на продажбата во последните две години.

- Advertisement -

Компанијата е една од ретките кинески технолошки компании кои имаат силен раст во странство благодарение на кинеската 5Г технологија и освојувањето на домашниот пазар од конкурентот Huawei Technologies Co.

(Bloomberg)

Сподели!
- Advertisement -