Амазон и понатаму е лидер на пазарот на паметни звучници

- Advertisement -
Strategy Analytics го објави најновиот извештај кој се однесува на пазарот на паметни звучници. Амазон и понатаму е лидер на овој пазар благодарение на 4,8 милиони испорачани паметни звучници во вториот квартал, со што држи 41% пазарен удел.
За споредба, лани во вториот квартал Амазон испорача 2,9 милиони од своите паметни звучници што беше доволно да освои речиси 76% од пазрот.

Во вториот квартал годинава Амазон се повеќе му се доближува на Google со своите производи. Google во наведениот период испорача 3,2 милиони паметни звучници и освои пазарен удел од 27,6%, што е раст во однос на минатата година кога Google успеа да испорача 600 илјади паметни звучници со пазарен удел од 16%.

На трето место се наоѓа Алибаба со 7% удел, а на четврто место е Аpple кој за една година од 0% пазарен удел порасна на 5,9% и 700 илјади испорачани звучници.

Сподели!
- Advertisement -