Intel и VW стартуваат такси служба со автономни возила

- Advertisement -

Исраелската компанија Mobileye, која се наоѓа во сопственост на Intel, влезе во партнерство со Volkswagen за во Израел да го стартуваат сервисот MAAS (Mobility-as-a-Service), кој ќе користи електрични автомобили на Volkswagen со системот за автономно возење ниво 4 на Mobileye. Нивниот трет партнер, Champion Motors, ќе биде задолжен за управување со флотата и за логистика, а израелската влада им вети дека ќе ја обезбеди целата правна регулатива и инфраструктурата за автономните автомобили да можат да возат патници кои ќе ги повикуваат преку апликација, нешто слично на Uber.

Intel минатата година го купи Mobileye за 15,3 милијарди долари, а таа компанија е позната по тоа што ја разви технологијата за автопилотот на електричните автомобили на Teslа. Иако услугата MAAS на почеток ќе биде ограничен во Израел, Intel и Volkswagen не го скориваат амбициите да ја прошират ширум светот, односно каде и да им дозволат државите каде што ќе лобираат. Тестирањето на услугата ќе почне во 2019 година, а во комерцијална употреба ќе влезе во 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -