Цукерберг ја лансираше својата нова социјална мрежа Threads

- Advertisement -

Основачот на компанијата-мајка на Facebook, Metа, Марк Цукерберг, вчера ја стартуваше долго очекуваната апликација Threads, која треба да биде главен конкурент на Twitter.

„Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во Threads“ напиша Цукерберг во својата прва објава на апликацијата, заедно со емотикотнот за оган. Тој истакна дека апликацијата забележала 5 милиони пријави во првите 4 часа постоење.

- Advertisement -

Слично како Twitter, апликацијата содржи кратки текстуални обкави, кои корисниците можат да ги означат дека и се допаѓаат, да ги споделат или да одговорат на нив.Објавите може да бидат долги до 500 знации вклучуваат линкови, фотографии и видеа во траење до 5 минути, се вели на објавата на Meta.

Достапен е во повеќе од 100 земји во продавници на Apple App и Google Playсе вели во објават.Аналитичарите велат дека главна предност на новата апликација може да биде поврзаноста меѓу Threads и Instagram. Тоа би можело да ги намали приходите од огласување на Twitter во време кога Илон Маск застана на чело на компанијата и се обидува да ја оживее.

- Advertisement -

Иако Threads е лансирана како самостојна апликација, корисниците ќе можат да се логираат преку Instagram и да ги следат истите профили како таму, што значи дека е еден вид на додаток на постоечките навики на над 2 милијарди активни корисници на Instagram месечно.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: App Store)

Сподели!
- Advertisement -