Ова се најлошите лозинки за 2018 година

- Advertisement -

Кога замислуваме како некој хакер ги пробива нашите лозинки, најчесто замислуваме некој компјутерски гениј кој стои пред неколку монитори и се обидува стотици пати. Но, во реалноста многу сметки и профили на луѓето се пробиени затоа што некој едноставно ја погодил лозинката која ја поставиле. Од најновата листа со најлоши лозинки за 2018 година можеме да видиме дека многумина и ден-денес уште како лозинка го ставаат зборот „password“.

Осум години со ред софтверската компанија SplashData ја објавува годишната листа со најлоши лозинки за годината што изминува. Листата се генерира со истражување на најголемите пробивања на лозинки на Интернет. Годинашната листа беше генерирана со анализа на повеќе од пет милиони лозинки.

- Advertisement -

Првите пет места на листата не се сменети од претходните години. Двете најлоши лозинки и понатаму се „123456“ и „password“. Некои од другите на листата се „sunshine“,  „princess“, „charlie“. Се проценува дека околу 10% од луѓето користат една од топ 25 најлоши лозинки, па не е изненадување што не мора да сте гениј хакер за да влезете во некоја сметка.

Ова е целосната листа со топ 25 најлоши лозинки за 2018 година.

- Advertisement -

1. 123456
2. password
3. 123456789
4. 12345678
5. 12345
6. 111111
7. 1234567
8. sunshine
9. qwerty
10. iloveyou
11. princess
12. admin
13. welcome
14. 666666
15. abc123
16. football
17. 123123
18. monkey
19. 654321
20. !@#$%^&*
21. charlie
22. aa123456
23. donald
24. password1
25. qwerty123

Сподели!
- Advertisement -