ВИДЕО: Ова е првата снежна топка која самата си прави снег

- Advertisement -

Поради климатските промени шансите дека ќе има снег овој празничен период се навистина мали. Имајќи го тоа на ум, Шон Хогинс, јутјубер и основач на компанијата Idle Hands Development, најде решение кое ќе ви ја долови магијата на зимата во вашата спална соба преку снежна топка која самата си прави снег.

Иако снежните топки може да се купат цела година, најпопуларни се во текот на зимата. За разлика од обичните стаклени топки полни со вода, 3Д фигура и имитација на снег, топката која ја направил Хогинс повеќе одговара на оваа модерна технолошка eра.

- Advertisement -

Тој топката ја направил со материјали кои ги нашол дома. За да ја создаде зимската снежна идила додал повеќе термоелектрични кулери кои со помош на Пелтиер ефектот создаваат температурна разлика меѓу два различни материјали кога ќе се пушти електрична струја. Едната страна се топли, додека другата се лади. Така, со поставување на неколку кулери заедно, тој добил температурна разлика од 60°C, што било повеќе од доволно за водената пареа во топката да кондензира и да замрзне, создавајќи вештачки снег. Најдоброто од се е што оваа снежна топка можете и самите да ја направите дома. Како да го направите тоа погледенете во видеото подолу.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -