Овие елегантни чевли се направени од рециклирани автомобилски гуми

- Advertisement -

Кога помислувате на гуми, сигурно помислувате на автомобил кој маневрира по воден или каллив пат. И со добра причина – за тоа се создадени гумите. Од еколошка гледна точка, пак, автомобилските гуми се опасен загадувач. Бидејќи најголем дел од нив имаат и челични делови за да бидат поцврсти, не може да се рециклираат на традиционален начин. Скапо е да се испраќаат на депонија, па најголем дел од нив завршуваат покрај патиштата. Но, секако дека може да им се најде пренамена. Една иновативна компанија најде совршен производ за тоа – чевли.

Hugs & Co. е компанија со седиште во Лондон која неодамна претстави чевли направени од рециклирани автомобилски гуми. Tyre Sole Driving Loafers се рекламираат како чевли кои се трајни исто колку и автомобилските гуми. Како што велат од компанијата, честопати кога бираме еколошки производ, правиме компромис во поглед на квалитетот, но овде токму еколошкиот аспект ги прави чевлите уште поиздржливи.

- Advertisement -

Компанијата вели дека за производство на овие чевли се троши само дел од енергијата која се користи а производство на традиционалните чевли. Тие веруваат дека со произведувањето нешто што ќе биде многу трајно се заштитува планетата. Нивните чевли се толку удобни што може да се носат на работа, за на плажа или за луда вечер со друштвото. Личат на мокасини, а ги има во неколку стилови и бои.

Материјалите за изработка на TS1 се добиени од Европа. За првата серија од чевлите гумата била од Michelin во Шпанија

Сподели!
- Advertisement -