Со помош на машинско учење откриено потенцијално решение за проблемот со пластичниот отпад

- Advertisement -

Пластиката станува се поголем еколошки проблем во целиот свет. Од фрлени шишиња за вода, пластични кеси се до медицински отпад, кој во текот на пандемијата стана вистинска напаст. Затоа, не е ни чудо што се повеќе научници се обидуваат на сите можни начини да го решат проблемот со отпадната пластика.

Од една страна, пластиката е многу издржлива и долготрајна, а од друга, не може да се рециклира, а кога ќе се најде во природата со нејзиното распаѓање се создава микропластика, која може да биде нов еколошки, но и здравствен проблем.

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Тексас мислат дека напле потенцијално решение за справување со сета отпадна пластика. Како што напишале во својот научен труд, кој е објавен во списанието Nature, искористиле машинско учење за да откријат нов начин на забрзување на процесот на распаѓање на пластиката.

Биле толку успешни што периодот на распаѓање од неколку месеци го скратиле на само една недела. Тајната е во модифицираниот ензим кој ги разградува иднивидуалните компоненти на полиетилен терефталат, која е најчесто користената пластика на светот. Како што откриваат, процесот го нарекле деполимеризација и овозможува повторно користење на разградените компоненти во нова ПЕТ пластика, која повторно може да се користи.

- Advertisement -

Тоа е главната предност во однос на традиционалните техники на рециклирање. Ако само се стопи пластиката, се нарушува нејзиниот интегритет после секој круг на рециклирање. Со новата метода се добива „свежа“ пластика секој пат. Тексашкиот тим тврди дека нивниот модифициран ензим се користи без оглед на температурата или pH нивото на околината.

Она што моментално им е проблем е како модифицираниот ензим да се порилагоди за индустриска примена. Имено, целта им е да го намалат уделот на пластиката која завршува на отпад и во природата, а во иднина сакаат да направат и ензими кои би ги враќале во живот сите региони загадени со пластика.

- Advertisement -

(University of Texas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -