Apple престанува со продажба на одредени iPhone модели во Германија

- Advertisement -

Продолжуваат проблемите за Apple – освен послабата продажба на iPhone во однос на очекувањата, компанијата на Тим Кук се бори на суд за кршење на патентите со Qualcom. По забраната за продажба на одредени модели на iPhone во Кина, Qualcomm извојува победа против Apple и во Германија и судот го прогласи Apple за виновен за кршење патенти и нивната интелектуална сопственост. Исто така, се забранува продажбата на iPhonе 7 и 8 во Германија. Иако одлуката не стапува на сила веднаш, затоа што Apple ќе ја обжали, оваа компанија сепак одлучи да престане со продажбата на овие два модели во своите продавници, но ќе бидат достапни во повеќе од 4.300 други продавници во Германија.

Одлуката на германскиот суд можеби ќе влијае на продажбата на неколку милиони уреди кои Apple ги продава секоја година, но станува збор за мала, но јасна победа во сложената правна борба на компаниите. Од Qualcom коментираат дека последните две недели два различни суда ја потврдија вредноста на патентите на Qualcom, како и кршење на тие патенти од страна на Apple.

- Advertisement -

Во компанијата на Кук владее друга расположение. Тие во изјавата за јавност го истакнаа своето разочарување од пресудата и велат дека од своите продавници ќе ги повлечат моделите iPhone 7 и 8, но моделите XS, XS Max и XR ќе останат во продажба во сите нивни продавници.

Според аналитичарите, Германија е мал пазар за Apple, на кој годишно се продаваат околу 10 милиони уреди, од кои половина се постари модели на кои не влијае оваа пресуда. Но, новите уреди секако ќе бидат присутни во други продавници, па секој што сака да купи  iPhone 7 или 8 не мора да бара продавница на Apple.

Сподели!
- Advertisement -