Со цел да обезбеди повеќе обновлива енергија и помала зависност на Копенхаген од мрежата, данската влада ги најави своите планови да направи девет вештачки острови. Воедно, ова ќе биде и најголемиот и најамбициозен проект пренаменување на земјиште во Скандинавија.
Изградбата треба да почне во 2022 година. Проектот ќе го носи името Holmene (the Islets) и ќе опфати 3 милиони квадратни метри вештачко копно, а ќе биде лоциран на само 10 км од Копенхаген. Компанијата URBAN POWER од Копенхаген го дизајнираше проектот со фокус на одржливоста – од создавањето на најголемата фабрика за производство на енергија од отпад во Северна Европа до подобрување на биодиверзитетот.
Освен тоа што ќе се произведува чиста енергија без употреба на фпсилни горива, деветте вештачки острови ќе служат и како лулка за технолошки компании, како баридера против поплави и како дестинација за спорт и рекреација.
Неколку од островите и гребените нема да бидат отворени за јавноста со цел да се креира едно ќоѓе недопрена природа и да се подобри биодиверзитетот во регионот. Островите ќе се направат од 26 милиони кубни метри почва која ќе се вади од регионалните проекти за изградба на железница и другите градежни проекти.
Главниот фокус ќе биде ставен на зелени технологии. Биоотпадот и отпадните води кои ги создаваат 1,5 милиони жители од регионот ќе се процесираат во новата фабрика за производство на енергија од отпад и ќе се добива чиста вода и биогас. Заедно со турбините на ветар и другите одржливи технологии, се очекува фабриката да произведува повеќе од 300.000 MWh обновлива енергија, што е еднакво на потрошувачката на енергија на една четвртина од популацијата на Копенхаген.
Се проценува дека проектот Holmene ќе чини 425 милиони евра и ќе создаде 380 нови бизниси и 12.000 работни места.