Три јубилеи на Porsche: 50 години од моделот 917, 50 години од моделот 914 и 10 години од Panamera

- Advertisement -

Три јубилеи, еден голем роденден и на историското искуство – 2019 ветува неколку значајни моменти за Porsche Музејот. Посветени да се направи видлива историја на компанијата, бројни амбасадори на четири тркала, кои ќе бидат изложени на Porscheplatz во Штутгарт, Zuffenhausen, исто така ќе бидат  распоредени на бројни настани ширум светот, оваа година.

50 години од моделот 917 

- Advertisement -

Ова е јубилејна прослава за еден од најмоќните модели на Zuffenhausen, Porsche 917, еден од најпознатите тркачки автомобили на сите времиња, кој беше претставен пред јавноста за прв пат во 1969 година на Саемот за автомобили во Женева. Само една година подоцна, Porsche го донесе дома првиот, од вкупно 19 златни медали на 24-часовната трка во Ле Ман.
Porsche Музејот ќе изложи десет модели 917 од 14 мај до 15 септември, на една од најголемите специјални изложби „Бои со брзина – 50 години од 917“. Изложбата ќе им даде можност на посетителите да ја видат одблиску одлучувачката пресвртница во гордоста на историјата на Porsche, бидејќи првиот изграден Porsche 917, со шасија број 001, ќе биде изложен. Работниот тим во музејот со години работеше да ја врати во својата првобитна состојба исто како на својата светска премиера во 1969 година.

50 години од моделот 914 

- Advertisement -

Есента во 1969 година, моделот 914 беше претставен на Меѓународниот саем на автомобили (IAA) во Франкфурт, како прв спортски автомобил во Германија со мотор поставен во средина на возилото. Постојат две варијанти моделот 914 со четири цилиндричен мотор, како VW Porsche и моделот 914/6 со шест цилиндарски боксер мотор на Porsche.
Педесет години подоцна, Porsche Музејот посветува посебна изложба на оваа серија.
Спектакуларната изложба “50 години од 914 – типично Porsche” може да се посети од 2 јуни до 7 јули. Уште повеќе, на 2 јуни, здруженијата на сопственици на моделот 914 се поканети од музејот да се дружат во дворот, со повеќе од 120 модели 914 кои се приватна сопственост.

Пред десет години, производителот на спортски автомобили влезе во сосема нов сегмент од пазарот со Panamera, првиот Porsche седан со четири врати. Претставен на јавноста за прв пат во 2009 година во Шангај, Panamera користеше бројни технички иновации кои никогаш порано не биле достапни за моделите на луксузни серии. Porsche Музејот работи заедно со фабриката Porsche во Лајпциг, која е одговорна за целиот процес на производство, вклучувајќи го производството на телото и бојата, за да го одбележи јубилејот “10 години од моделот Panamera”, со специјална изложба меѓу другото. Осум експонати ќе бидат изложени во Центарот за клиенти оваа пролет, од првите прото типови до сегашниот модел.

- Advertisement -

Porsche музеј на отворени патишта 

Оваа година, обожавателите и ентузијастите можат да се дружат со брендот, доколку се далеку од Porscheplatz. Првата станица се Ретро Класиците, односно саем на класични автомобили надвор од Штутгарт, каде што производителот на спортски автомобили оваа година ќе биде изложен во хала 1 од 7 до 10 март. Porsche Музејот работи на „наследно искуство“, спојувајќи ги возилата, како и поранешните и сегашните тркачки возачи и програмери/развивачи.

Друг датум во дневникот на Porsche Музејот е Фестивалот на брзината во Гудвуд во Англија, кој оваа година се одржува од 4 до 7 јули. На најголемото светско мото дружење најлесниот тркачки автомобил на Зуфенхаузен ќе го преземе предизвикот на познатиот “Hillclimb” по 51-годишната пауза. Со својата тенка пластична кожа, алуминиумската рамка, берилиумските кочни дискови и сферичниот резервоар, моделот 909 Bergspyder изграден во 1968 година тежи само 384 килограми. Porsche влезе во категоријата на тркачки автомобили на Европското првенство во Hillclimb со 909 Bergspyder во 1968 година. Се натпреваруваше само на две трки, завршувајќи на второ и трето место.

Тркачките автомобили и историските модели од колекцијата на компанијата ќе ги покажат своите перформанси на „Solitude Revival“ во текот на викендот на 20 и 21 јули.

Поранешните тркачки и фабрички возачи ќе возат класични автомобили од Porsche Музејот на легендарниот Solitude Ring во Штутгарт. Со почит кон оригиналната рута, 804 Формула 1 од 1962 година, Monoposto 718 Формула 2 од 1960 година и 550 Spyder од 1956 година ќе се возат на патишта кои ќе бидат затворени поради овој настан.
Веднаш по тој настан Porsche Музејот ќе учествува во „Ennstal Classic“ во Австрија од 24 до 27 јули, со избор на класични автомобили. Гледачите на настанот ќе бидат сведоци на многу посебни впечатоци. По обемната реставраторска работа од страна на работниот тим во музејот, Porsche 908/2 од 1969 година ќе ги вози своите први километри во  гран-при градот во Gröbming.

За да се осигураме дека фасцинантноста на Porsche може да биде потполно доживеана од страна на посетителите, производителот на спортски автомобили повторно ќе присуствува на Саем на книгата во Франкфурт. Од 16 до 20 октомври „Edition Porsche Museum“ ќе претстави широк избор на свои публикации, како и разни соработки со издавачките куќи. Меѓу другото, богат материјал за читање во врска со двата 50-годишни јубилеи, на Porsche моделите 917 и 914, ќе бидат достапни за купување во книжарницата и музејската продавница во текот на годината.

Музејот ја проширува дигиталната понуда за млади посетители 

Земајќи го предвид “Mission Future Heritage”, Porsche Музејот е подготвен да ја зајакне употребата на современи комуникации за пренесување на наследството на Porsche и неговото искуство во производство на автомобили. Како извонредно место за учење, музејот сега го изработува својот едукативен материјал за помладите посетители кој ќе биде дигитално достапен, со новата “Team Spirit” апликација. Изграден е околу трите главни теми на “Аеродинамиката и лесната конструкција”, “Моторна технологија” и “Автомобилски дизајн”, и е наменета за учениците од 5 до 12 одделение. Младите посетители можат да работат во тимови во музејот, користејќи ги iPad апликациите, кои се предвидени за решавање на различни задачи поврзани со историјата на компанијата, палетата на производи и технолошкиот развој.

Сподели!
- Advertisement -