Финансискиот стрес е најштетен по здравјето на човекот

- Advertisement -

Финансискиот стрес не само што го наруѓува менталното здравје на човекот, туку влијае и на различни аспекти од добросостојбата, открива ново истражува во Велика Британија, во кое биле вклучени речиси 5.000 возрасни поединци на возраст од 50 и повеќе години. Истражувањето го спровеле научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, а велта била откривање на врската меѓу хроничните стресори и показателите на здравјето кај постарите возрасни групи.

Меѓу шесте стресори кои биле проучувани биле заштитата, инвалидитетот, тешката загуба, болеста и разводот, а финансиската напнатост се покажала како најштетна од сите. Испитувајќи четири биомаркери – кортизол, Ц-реактивен протеин (CRP), фибриноген и фактор на раст на инсулинот-1 (IGF-1), од кои сите се поврзуваат со стресот, воспалението и стареењето, студијата открила дека тие што се под стрес само поради финансиите имаат речиси 60% поголем веројатност дека после четири години ќе имаат високоризични здравствени профили.

- Advertisement -

Овој ризик се зголемува со дополнителните стресори од типот на разводот, со што се зголемува и веројатноста за високоризични здравствени профили за 19%. Сето тоа важи за сите луѓе без оглед на нивната генетика, социекономските карактеристики, возраста, полот или начинот на живот.

Резултатите од оваа студија се објавени во спосанието Brain, Behavior and Immunity.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Medium)

Сподели!
- Advertisement -