Alibaba сака да го купи германскиот трговски синџир Metro

- Advertisement -

Кинескиот е-трговец Alibaba е во преговори со германски Metro за преземање на удел во кинескиот дел од трговскиот синџир, велат од Reuters. Разговорите уште се во рана фаза и уште не е сигурно дека ќе вродат со плод. Oд Metro и Alibabа не коментираат ништо.

Интересот на Alibabа за преземање на Metro во Кина следува откако конкурентот на компанијата Tencent минатата година потпиша договор за партнерство со францускиот малопродажен синџир Carrefour. Alibaba ги има платформите за тргување Taobao и Tmall и апликацијата за испорака на храна Ele.me, а настојува да развие стратегија за да ја пренасочи малопродажбата на претприемачи.

- Advertisement -

Здружувањето со синџири како германски Metroa би можело да донесе синергија во неговите оддели за производство на свежи производи Hema и Yiguo, велат некои извори. Metro располага со 95 продавници во Кина и недвижности во најголемите кинески градови, Пекинг и Шангај.

Освен Alibabа, постојат и други компании кои се вклучени во разговорите со Metro. Извршниот директор Олаф Кох изјави дека германската компанија размислува за потенцијално партнерство со локални кинески трговци.

Сподели!
- Advertisement -