- Advertisement -
Поради климатските услови, производството на маслиново масло во Италија се намалило за 57% во 2018 година, што ја прави една од најнеповолните досега забележани години.
Според податоците на Италијанскиот институт за земјоделска и прехранбена индустрија – ИСМЕА, ланското производство изнесувало 185.000 тони, во споредба со 429.000, колку што изнесувало во 2017 година. Тоа е многу пониско и од првите песимистички процени, објавени во октомври минатата година, кога очекувањата биле дека производството ќе достигне до 265.000 тони масло.
- Advertisement -
Поради падот на производството, се очекува цените да се зголемат, но не премногу, имајќи ја предвид големата продукција во Шпанија.
Извор – www.instore.mk
- Advertisement -