Нов тест може да детектира канцер пред да се појават првите симптоми

- Advertisement -


Нов тип на тест на крвта може да стане најбитното оружје во борбата против ракот. Познат е како течна биопсија и е дизајниран да детектира присуство на десетина типови канцер пред и да се појават какви било знаци на болеста.

Седумдесет и четиригодишна доброволка, која мислела дека е сосема здрава, учествувала во такво истражување со течна биопсија. Истражувачи во Орегон, САД, тестирале луѓе кои немале никакви симптоми на канцер како метод на рана детекција.Откако била повторно тестирана, на пациентката и била откриена Хоџкинс лимфома.

- Advertisement -

Тестот функционира така што бара ДНК фрагменти од клетки на тумор. Прашањето што се поставува сега е дали може да се намали бројот на починати од канцер со помош на овој тест.

Владините истражувачи планираат голем експеримент со околу 200.000 честици за да утврдат дали овој тест на крвта може да спаси многу животи.

- Advertisement -

Grail е една од компаниите кои произведуваат такви тестови и ги нудат на возрасни лица со висок ризик од појава на рак.

“Ако го откриваме канцерот во многу ран стадиум, пред да се појават какви било симптоми, ќе имаме многу повеќе опции за ефективен третман” велат од Grail.

- Advertisement -

Сепак, постои загриженост затоа што како кај сите тестови постои шанса за лажен позитивен резултат и непотребен трошок.

(CBS Miami)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -