САД претставија нуклеарна супербомба – 24 пати појака од бомбата фрлена на Хирошима

- Advertisement -

Америка неодамна ги откри своите планови за развој на нова моќна нуклеарна гравитациска бомба, позната како B61-13, којае дури 24 пати појака од бомбите фрлени на Хирошима во текот на Втората светска војна. Тоа оружје, кое е 13. верзија во B61 земејството на т.н. гравитациски бомби, ќе има иста експлозивна моќ како претходникот од времето на Студената војна, B61-7, проценета на 360.000 тони ТНТ, што резултира со експлозивен радиус еднаков на површината на два Менхетен.

Проектот се состои од поставување постоечки боеви глави од B61-7 во нова бомба, вградување на модерни безбедносни и зголемување на прецизноста во достигнувањето на целта. За разлика од атомската бомба Little Boy, на база на уран, фрлена врз Хирошима во 1945 година, боевата глава B61-13 е целосно базирана на плутониум.

- Advertisement -

Со детонацијата на B61-13, со разорна моќ од 360 килотони ТНТ, би се создал мазовен пожар, кој би покрил површина од над 6 км и би произвел ветар со јачина на ураган. Температурат, пак, би била повисока од 105 степени Целзиусови. Таквата катастрофална експлозија би можела да се прошири на огромна територија, отприпика 10 до 15 пати поголема од површината уништена во Хирошима, покажуваат податоците на организацијата за човечки права Waging Peace.

Тие велат дека ако таква бомба се фрли во Њујорк, ќе го уништи и Џерси и цел Менхетен и ќе резултира со милион погинати и уште 2 милиони повредени. Тоа застрашувачко ново американсо оружје има и поголема прецизност, што значи дека е соодветно за мети за кои обично се потребни бомби со поголема моќност.

- Advertisement -

Развојот на B61-13 е мотивиран од стареењето на B61-7, која се соочува со деградација поради распаѓањето на радиоактивните елементи, што ги намалува перформансите на бомбата.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -