Apple и Goldman Sachs подготвуваат нова кредитна картичка

- Advertisement -

Wall Street Journal пишува дека компанијата Apple и американската мултинационална инвестициска банка Goldman Sachs заедно подготвуваат нова кредитна картичка, која ќе се појави годинава. Кредитната картичка ќе биде тесно врзана за iPhone, а со користење на Apple Wallet сопствениците на картичките ќе можат да си поставуваат цели за трошење, да ги следат наградите за купување некои производи и да управуваат со состојбата на својата сметка. Исто така, корисниците ќе добијат назад 2% од парите при поголема набавка, а можно е и бонусите да бидат поголеми во случај на купување на произоди и услуги на Apple.

Новата кредитна картичка први ќе ја тестираат вработените во Apple за неколку недели отсега, а картичката ќе ја користи мрежата на Mastercard. Ова партнерство е голем чекор за двете компании. Од Apple се надеваат дека новата картичка ќе им овозможи зголемување на заработката од апликации и мултимедијални спдржини. Компанијата ќе добива и дел од трансакциите кои ќе се вршат преку Apple Pay услугите, така што веќе знае колку може да заработи од новата кредитна картичка.

- Advertisement -

Ова за Goldman Sach ќе биде првата кредитна картичка затоа што компанијата е прилично нова кога е во прашање потрошувачкото банкарство. Пред три години тие ја стартуваа Marcus, онлајн потрошувачката услуга за банкарство.

Сподели!
- Advertisement -